• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: МВР е професионална и брза и во однос на сите лица кои предизвикале инциденти или прекршиле закон

ВМРО-ДПМНЕ: МВР е професионална и брза и во однос на сите лица кои предизвикале инциденти или прекршиле закон

Скопје, 30 ноември 2024 

Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено, разбиено и поразено

Сосема е разбирливо зошто ДУИ ќе поднесат интерпелација за министерот на МВР, Панче Тошковски, затоа што сценариото за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено, разбиено и поразено.

ДУИ и СДС треба да знаат дека заврши времето на „како до сега“.

СДС и ДУИ да престанат да сметаат дека со етнички провокации, тензии и црни сценарија можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, заради дефокус и страв од соочување со правдата за сите криминали кои ги направиле.

ДУИ се обидува да ја избегне одговорноста за своите незаконски дејства и да предизвика конфликт и раздор меѓу народот. Граѓаните се свесни за нивните вистински мотиви и нема да дозволат повторување на истите грешки од минатото.

ДУИ да престанат да се ставаат во служба на дестабилизирачки сценарија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се бори против криминалот.

Денес, МВР демонстрира одговорност и посветеност, нешто што беше реткост да се види изминатите години.

За разлика од минатото денес реакцијата на МВР е професионална и брза и во однос на сите лица кои предизвикале инциденти или прекршиле закон.

МВР реагираа брзо, одлучно и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.

МВР е во служба на граѓаните и се грижи за стабилноста, безбедноста и мирот на граѓаните, што не беше случај во владеењето на СДС и ДУИ.

За само пет месеци, во МВР се зголеми бројот на приведени лица, лица кои биле барани со потерници, лица избегани од затвори или сториле одредено кривично дело.

ВМРО ДПМНЕ апелира до граѓаните да не бидат манипулирани од политичките агенди на ДУИ и СДС.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, работи за зголемување на безбедноста на граѓаните и нема да дозволи црни сценарија.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан