• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се менува и развива, за годинава 4,1 милијарда денари за 270 капитални проекти за трансформација на општините

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се менува и развива, за годинава  4,1 милијарда денари за 270 капитални проекти за трансформација на општините

Скопје, 18 октомври 2024 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува вистинска грижа кон сите, се подобрува квалитетот и животниот стандард на граѓаните во речиси сите општини во Македонија.

Владата за годинава потврди над 270 проекти кои ќе се реализираат во општините низ цела држава и за истите ќе се вложат над четири милијарди денари.

Финасиските средства кои Владата ќе ги додели кон општините ќе послужат за нивна економска трансформација, развој и подобрување на инфраструктурата, реализација на крупни капитални инвестиции.

Целта на проектот за доделување на финансиски средства на општините е за истите да се развиваат економски и инфрастуктурано, со што ќе се подобри квалитетот на животот на сите граѓани во секое населено место и граѓаните да газат по асфалтирани улици и патишта.

И сето ова се прави затоа што Владата се бори за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, затоа што и е важно секое парче земја и секој еден граѓанин.

И за да продолжи економската трансформацијата на Македонија, проектот за доделување средства на општините за реализација на крупни капитални и инфраструктурни проекти, ќе трае следните четири години.

Целта која треба да ја постигне овој проект е да нема општина во Македонија која ќе има кал по улиците, неасфалтирани патишта или проблеми со канализација и водовод.

Македонија се менува, ова е само почеток. Почнува процес во кој ќе се развива секоја една педа на државата, каде секој граѓанин ќе има пристојни и достоинствени услови за живот.

ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан