• четврток, 12 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија како балкански наркоцентар, наместо медицинска, марихуана за црниот пазар, запленетите 40 тони од фирми блиски до Заев и Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија како балкански наркоцентар, наместо медицинска, марихуана за црниот пазар, запленетите 40 тони од фирми блиски до Заев и Филипче

11 февруари 2026 

Македонија во време на владеењето на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански наркоцентар за шверц на марихуана на црниот пазар, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Последната заплена од речиси 40 тони марихуана јасно покажува дека таканаречениот медицински канабис бил само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Овие количини се запленети од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, токму оние лиценци што беа издавани во време на Заев и Филипче.

Речиси 70 проценти, односно 30-ина тони од запленетата марихуана потекнуваат од фирмата „ЦБД медплант“ од Ново Село, компанија што во јавноста се поврзува со лица блиски до СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Основач на фирмата е Христијан Котев, син на Тони Котев М’гчев, поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село и човек близок до Заев.

Лиценците за производство на канабис во тоа време не се издавале според јасни и строги критериуми, туку според партиска и лична блискост со СДС, Заев и Филипче.

Паничните реакции на Заев и Филипче, по откривањето на случајот, дополнително ја потврдуваат нивната вмешаност.

Нервозата кај Заев, паничните јавувања, објавите на социјалните мрежи и сомнителните движења на Филипче даваат дополнителен сомнеж. Сето тоа личи на гаснење пожар, а не на однесување на луѓе што имаат чист образ.

Сите овие индиции укажуваат на сериозна поврзаност меѓу поранешната власт и криминалот со марихуана.

Јавното обвинителство темелно, целосно и неселективно да го истражи случајот. Како се издавале лиценците, кој стои зад компаниите, каде завршувала произведената марихуана и кој ја штител нелегалната трговија. Кој и колку профитирал?

Законот мора да важи за сите еднакво. Јавноста очекува одговори, а институциите мора да покажат дека никој не е над законот. Законот мора да важи и за Заев, и за Филипче, и за нивните соработници. Одговорност мора да има.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан