• недела, 24 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори како Миликије Халими е избрана за нов директор на АД Аеродроми

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори како Миликије Халими е избрана за нов директор на АД Аеродроми

Скопје, 29 октомври 2023

Именувањето на Миликије Халими за нов директор на АД Аеродроми спаѓа во рубриката верувале или не. Поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС после мандатот ја именуваа за инспектор во Царинска управа со средно школо, а сега догура до позиција директор на Аеродроми.

Со што Миликије ја заслужи оваа позиција? Кои се нејзините квалитети, токму таа да биде избрана? Дали има соодветни вештини, знаење или искуство? Да бидат срамот и дното поголеми, Миликије Халими уште им се заблагодарува на СДС за кадровскиот избор кој го направиле и нејзе ја именувале на оваа позиција.

Ова е срам за СДС, за владата, но најстрашно од се е срам за Македонија. Човек со средно медицинско образование ќе одлучува за аеродромските услуги во Македонија. Ова е кадровската политика на СДС, целосно некомпетентни кадри да ги стави на одговорни позиции, како да се работи за шега, а не за раководење на државни институции. Всушност заради ваков тип на „Миликије- кадровски политики“ пропаѓа системот, институциите и државата, а младите и компетентните се селат.

Ковачевски да одговори како Миликије е избрана? Тој е директно одговорен како формален претседател на СДС за кадровскиот избор.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан