• четврток, 26 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ и Модератерна од Шведска разменува искуства на конференцијата за пратеници на сестринските партии

ВМРО-ДПМНЕ и Модератерна од Шведска разменува искуства на конференцијата за пратеници на сестринските партии

Скопје, 1 декември 2024

ВМРО ДПМНЕ со сестринската партија Модератерна од Шведска разменува искуства и ја надградува својата визија за економски силна и просперитетна држава

,,ВМРО ДПМНЕ со сестринската партија Модератерна од Шведска разменува искуства и ја надградува својата визија за економски силна и просперитетна држава

Денеска имав чест да се обратам на конференцијата за пратеници на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и Модератерна од Шведска, каде изминативе два дена се разговараше за економските реформи и планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

На конференцијата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ разменуваа искуства и дискутираа на теми поврзани со развојот на државата, зајакнување на економијата, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е демократка партија со прогресивни идеи и во таа насока својата политика во континуитет ја креира на унапредување на развојните политики и подобрување на општественото живеење.

Оваа конференција беше токму во насока на размена на искуства со сестринска партија Модератер на Шведска и креирање на зеднички политики кои ќе придонесат за благодет на граѓаните и општеството.

На конференцијата исто така разговаравме и за инфраструктурата како еден од улсовите за развојна економија. Заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зборувавме за идните проекти што се планирани во рамки на министерството за транспорт, за сите проблеми и идни визии за развивање на државата.

ВМРО-ДПМНЕ постојано се надградува и заедно со своите пријатели од европската народна партија силно работи ма зајакнување на своите капацитети“, нагласи министерот за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Остани поврзан