• среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара локалните избори да се одржат на 17 октомври

ВМРО-ДПМНЕ бара локалните избори да се одржат на 17 октомври

Скопје, 21 јули 2021 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ очекува партиите да го почитуваат законскиот и уставен рок и на 17 октомври да се одржи првиот круг од локалните избори, изјави денеска пратеникот на оваа опозициска партија Антонијо Милошоски во врска со предлогот на премиерот Зоран Заев локалните избори да се одржат на 30 октомври.

- Локалните избори не се определуваат за желбата на кој било политичар, било и тој да е премиерот. Локалните избори се одржуваат во точно определен термин според Уставот и законот, а уставниот и законски термин за локални избори е 17 октомври првиот круг, посочи Милошоски.на денешната прес-конференција.

Тој рече дека се друго значи прекршување на Уставот и законите, додавајќи дека „внатрепартиските и меѓукоалициските пресметки во ДУИ, СДСМ, БЕСА и помалите партии не треба да бидат проблем за државата и за граѓаните“ и да бидат изговор изборите да не се одржат на 17 октомври.

- Се друго би било неуставно и би можело да го загрози целиот изборен процес како незаконит и незаконито да им се продолжи мандатот на градоначалниците и советите на општините. ВМРО-ДПМНЕ очекува сите политички партии да го почитуваат уставниот и  законски рок, а тоа е 17 октомври прв круг локални избори во Македонија, истакна Милошоски. фф/сп/

Остани поврзан