• петок, 22 ноември 2024

ВЛЕН: Апелираме до Димитриевски да не му прави ќеиф на ДУИ

ВЛЕН: Апелираме до Димитриевски да не му прави ќеиф на ДУИ

Скопје, 21 август 2024

Секој политички субјект има демократско право да си гради идентитет врз основа на сопствените уверувања. Не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка Влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност. 

Како Влада имаме утврдени и усогласени програмски приоритети и наша должност е посветено да работиме на нивно исполнување. Во тој контекст апелираме ЗНАМ несвесно да не му тера ќеифови на ДУИ. Нивното криминално раководство посакува тензии на сите полиња. За да се спасат од кривична одговорност за сторената политичка корупција и да го зачуваат нелегално стекнатиот имот сонуваат и за потреси во владејачката коалиција.

 ВЛЕН доби 107 илјади албански гласови и не може етнички да се обезличува само за движењето ЗНАМ удобно да се чувствува во Владата. Особено што Димитриевски е избран за Градоначалник на Куманово и со Албански гласови и многу добро ја знае важноста од меѓусебното разбирање и почитување. Не сакаме да веруваме дека ЗНАМ сакаат да влезат во кампања за локалните избори со повторувањето на погубното кредо на Тито Петковски од претседателските избори во 1999 - не ни требаат гласовите на Албанците. 

Парламентарното мнозинство се состои од две коалиции и едно движење како што е ЗНАМ. Тезата дека тие се партнери само на ВМРО-ДПМНЕ е наивен популизам со краток sдив. Во секоја медиумски настап логично е ЗНАМ јасно да се декларира како владин партнер, без да дозволи комплексот од ДУИ во времето на владеењето со СДСМ да му ја замаглува политичката диоптрија и да ги усложнува односите во Владата за ситни политички поени. ВЛЕН е создаден како рефлексија на потребата на мнозинството Албанци кои бараа опција сосема спротивна од ДУИ. ВЛЕН ќе продолжи да гради автентична политичка доктрина, која ја спроведува преку нова и модерна коалициска структура, чија обврска е да ги решава проблемите на граѓаните и да обезбеди сигурна иднина за Албанците. Коалицијата ВЛЕН е искрено и чесно посветена на децентрализацијата, динамизирањето на ЕУ перспективите и продолжување на својата работа за справување со криминалот и корупцијата.

 

Коалиција ВЛЕН

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан