• среда, 25 декември 2024

Винисиус ја одби „профитабилната понуда“ од Саудиска Арабија

Винисиус ја одби „профитабилната понуда“ од Саудиска Арабија

Мадрид, 12 август 2024 (МИА) – Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор ја одби понудата од Саудиска Арабија.

Според „Атлетик“, застапниците на крилниот напаѓач на Реал Мадрид биле контактирани од делегација од Фондот за јавни инвестиции (ПИФ), дејствувајќи во име на Министерството за спорт на Саудиска Арабија.

Властите на земјата се заинтересирани да го направат Винисиус заштитно лице на лигата во позадина на Светско првенство во 2034 година.

Саудиска Арабија е единствениот кандидат за домаќин на Мундијалот по 10 години.

Винисиус ја одбил понудата на Саудиска Арабија бидејќи Бразилецот е среќен во Реал Мадрид и сонува да ја освои Златната топка како „Крал“.

Се очекува Саудиска Арабија да продолжи со обидите да го донесе фудбалерот во нивната лига и покрај одбивањето на Винисиус. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан