• недела, 28 јули 2024

Винисиус задоволен од дебито во бразилската репрезентација на СП

Винисиус задоволен од дебито во бразилската репрезентација на СП
Лусаил, 25 ноември 2022 (МИА) - Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор е среќе поради победата над Србија (2:0) во натпреварот од првото коло од групата Г на Светското првенство во Катар. - Многу задоволни од нашето деби. Дваесет и дев години го чекав моментот кога ќе дојдам на Мундијал. Имаше многу работа, многу соништа. Мило ми е што можев да му помогнам на тимот. Ни претстојат шест финалиња. Многу сум среќен за двојниот стрелец Ричарлисон. Работиме заедно многу за ова. Зборував со него во соблекувалната, велејќи дека ќе имаме шанси и тој треба да постигне гол, го цитира Винисиус „Глобо“. Фудбалерот на Реал Мадрид, имаше една асистенција на натпреварот против Србија. Следниот натпревар Бразил ќе го игра на 28 ноември против Швајцарија. зс/

Остани поврзан