• понеделник, 29 јули 2024

Вилијан е првиот фудбалер во последните четири години кој постигна гол од пенал и од слободен удар на еден натпревар во Премиер лигата

Вилијан е првиот фудбалер во последните четири години кој постигна гол од пенал и од слободен удар на еден натпревар во Премиер лигата
Лондон, 2 јули 2020 (МИА) – Фудбалерот  на Челзи, Вилијан синоќа во поразот од Вест Хем во мечот од 32. коло од шампионатот на Англија (2:3), беше двоен стрелец за „сините“. Бразилецот стана првиот играч од 2016 година, кој на една средба реализираше пенал и слободен удар. Претходно тоа го стори уште еден играч на Челси - Сеск Фабрегас. Вреди да се одбележи дека Шпанецот постигна гол од пенал и слободен удар исто така на натпревар со Вест Хем. зс/

Остани поврзан