• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Второто тренинг пливање на триатлонците на Олимпијадата откажано поради квалитетот на водата во Сена

Второто тренинг пливање на триатлонците на Олимпијадата откажано поради квалитетот на водата во Сена

Париз, 29 јули 2024 (МИА) - Второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата во Париз е откажано поради нечиста вода во Сена, објави прес-службата на организацискиот одбор на Игрите.

Пливачкиот дел од триатлон требаше да се одржи во понеделник, 29 јули. Сепак, олимпискиот организациски комитет, Меѓународната триатлон федерација и локалните власти сметаа дека нивото на квалитетот на водата не дава доволно гаранции.

Ден претходно организаторите донесоа слична одлука.

- Тренингот за триатлон во Сена е откажан. Реката е загадена поради дождовите, стоеше во соопштението.

Пливањето во Сена е забрането од 1923 година. Ѓубре, токсичен отпад и отпадни води се фрлаат во реката со децении. 

Олимписките игри во Париз започнаа на 26 јули, а ќе завршат на 11 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан