• четврток, 26 декември 2024

Видиновски: Мали се можностите за измама при попишување на блиските во странство

Видиновски: Мали се можностите за измама при попишување на блиските во странство
Скопје, 19 март 2021 (МИА) - Луѓето што ги попишуваат своите блиски кои се во странство ќе гарантираат со својот матичен број за сите податоци што ќе ги дадат за нив, изјави денеска портпаролот во Министерството за правда Александар Видиновски. - Многу пати е кажано дека сите податоци ќе бидат проверени во осум бази на податоци, така што можностите за да се направи измама навистина се мали, бидејќи со вкрстување на информации ќе бидат многу лесно проверливо дали податоците што се даваат за определено лице се точни или неточни, изјави Видиновски на заедничката прес-конференција со портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа и Јасмина Георгиева од Државниот завод за статистика. посветена на претстојниот Попис на домаќинства и станови, активностите кои се во тек, како и осврт на пописот во дијаспората. цр/сп/

Остани поврзан