• вторник, 03 септември 2024

Видал за натпреварите без гледачи: Тешко е да се мотивирате без публика

Видал за натпреварите без гледачи: Тешко е да се мотивирате без публика
Барселона, 24 јуни 2020 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал го сподели своето мислење за одржување натпревари во отсуство на навивачи на стадионите поради пандемијата на коронавирус. - Сè изгледа чудно и комплицирано, од процедури пред натпревари до протоколи. Претходно, беше невозможно да се мисли дека можат да се појават такви работи. Недостаток на навивачи? Навивачите ни даваат емоции што веќе ги немаме, дури и кога одиме на стадион. Атмосферата се смени многу. Тешко е да се најде мотивација да ги дадете најдобрите изданија. Понекогаш е тешко дури и да се присилите да влезете на теренот. Фудбалот зависи од атмосферата што ја создаваат навивачите, потенцира Видал. зс/

Остани поврзан