• среда, 25 декември 2024

Верстапен со прва пол-позиција во Мајами

Верстапен со прва пол-позиција во Мајами

Мајами, 5 мај 2024 (МИА) - Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен за првпат победи на квалификациите во Мајами и ја забележа својата 38-ма пол позиција во кариерата. Макс успеа да го доближи рекордот на Ален Прост од почетокот на сезоната 1993 година, кога „професорот“ победи во првите 7 квалификации, а Макс сега има шест последователни пол-позиции од почетокот на кампањата.

Макс го обезбеди првото место на стартот со својот прв брз круг во третиот дел од квалификациите, при што ниту еден од водечките возачи не можеше да ги подобри неговите перформанси во вториот обид. 

Втор на стартот ќе биде Шарл Леклер со Ферари, а трет неговиот тимски колега Карлос Саинц, кој го дели вториот ред со другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Колегите од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри го зазедоа третиот ред, а Џорџ Расел и Луис Хамилтон четвртиот, при што седумкратниот светски шампион го подобри својот пласман во својот последен најбрз круг за да отиде од 10-то на 8-то место.

Топ 10 ги комплетираа Нико Хулкенберг со Хаас и Јуки Цунода со РБ. дс

Фото: Формула 1

Остани поврзан