• сабота, 23 ноември 2024

Верстапен: Мојата следна промена на тимот, доколку воопшто се случи, ќе биде последна во мојата кариера

Верстапен: Мојата следна промена на тимот, доколку воопшто се случи, ќе биде последна во мојата кариера

Лондон, 28 септември 2024 (МИА) – Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен не планира често да менува тимови.

Возачот на Ред Бул истакна дека е задоволен од статусот во австрискиот тим и ужива да работи со луѓе кои веќе добро ги запознал.

Тој беше запрашан дали размислува за хипотетичка промена на тимот, со оглед на лошиот настап на Ред Бул во вториот дел од актуелната сезона и забележителниот напредок на конкурентите.

- Луѓето зборуваат и размислуваат за тоа многу повеќе од мене. Сето тоа го сфаќам смирено, се обидувам да ги разберам постоечките проблеми и да се подобрам. Ми се допаѓа тоа што го работам и додека уживам во процесот, ќе останам овде и ќе продолжам да се натпреварувам во Формула 1. Ако сакам да одам на друго место, ќе го сторам тоа. Но, во моментов немам такви мисли во мојата глава. Не сакам да возам за 4-5 екипи во текот на кариерата. Сакам да градам долгорочни, стабилни, добри односи со сите во тимот. Честите промени на тимовите не се за мене. Освен тоа, не би сакал да се однесувам така во оваа фаза од мојата кариера. Мојата следна промена на тимот, доколку воопшто се случи, ќе биде последна во мојата кариера. Во исто време, следниот чекор може да биде продолжување на договорот со сегашниот тим“, рече Верстапен.

Интерес за ангажман на Холанѓанецот веќе пројавија Мерцедес и Астон Мартин. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан