• среда, 25 декември 2024

Поранешен фудбалер на Каљари пронајден мртов во хотел

Поранешен фудбалер на Каљари пронајден мртов во хотел

Каљари, 29 септември 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер од средниот ред на Каљари, Андреа Капоне, денес е пронајден мртов во хотел во истоимениот италијански град.

Според „Sport Mediaset“, на телото на поранешниот играч била пронајдена длабока рана на главата. Според прелиминарната верзија, 43-годишниот Капоне се здобил со повреда опасна по живот како последица на несреќен пад од скали.

Капоне играше за младинскиот тим на Каљари од 1998 до 2000 година. Тој го имаше своето деби за главниот тим во сезоната 2000/01, во тоа време Каљари играше во Серија Б. 

Последен клуб во кариерата на фудбалерот беше Салернитана.

Во 2001 година, Капоне исто така беше вклучен во играњето за младинската репрезентација на Италија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан