• сабота, 23 ноември 2024

Верниците од Дебарското муфтиство донираа 282 илјади денари за поплавените подрачја во БиХ

Верниците од Дебарското муфтиство донираа 282 илјади денари за поплавените подрачја во БиХ

Дебар, 24 октомври 2024 (МИА) - Дебарското муфтиство, организираше добротворна акција за прибирање финансиски средства за настраданите подрачја од поплавите во Јабланица, Босна и Херцеговина.

-Акцијата ја реализиравме по петочната молитва, Џума намаз, на 10 овој месец, во која верниците, секој по својата можност донираа финансиски средства. Прибрани се вкупно 282.802 денари или околу 4621 евро. Се солидаризиравме со жителите за да колку толку им помогнеме во овие тешки денови за нив. На семејствата на загинатите им изразуваме искрено и длабоко сочувство, изјави за МИА, Орхан ефенди Зенго секретар на муфтиството.

Гледано одделно во најголемото село во регионот, селото Могорче, прибрани се 92.100 денари, во Дебар 76.150, во долнореканското село Требиште 37.630, во Долно Косоврасти 23.042 денари, во Велебрдо 20.200, во Центар Жупа 13.800, Горно Косоврасти 12.840 и во Броштица 7.040 денари.

-Искажувам искрена благодарност до сите верници, верски службеници и џамиските одбори за солидарноста. Посакувам Алах да ги награди за нивната дарежливост. Се молиме, никаде на земјината топка да не се повтори ваква или било која друга непогода или несреќа, посочи Зенго.

Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше. вт/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан