• недела, 24 ноември 2024

Велигденска хуманитарна акција во црковниот храм во Кичево

Велигденска хуманитарна акција во црковниот храм во Кичево
Кичево, 20 април 2022 (МИА) - Традиционалната Велигденска хуманитарна акција и годинава се организира во црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево. Во оваа хуманитарна акција се вклучија поголем број граѓани и компании, кои со својата донација ќе им го разубават најголемиот христијански празник Велигден на повеќе социјално загрозени семејства од градот. -Како и претходните години така и годинава пред најголемиот христијански празник Велигден, во соработка со црковниот храм „Свети Петар и Павле“ организиравме хуманитарна акција во која се вклучија голем број граѓани и компании од Кичево. Акцијата беше спроведена во изминатите три дена, а денеска четириесетина социјално загрозени семејства ги добија хуманитарните пакети кои ќе им бидат добредојдени пред празникот Велигден, рече Билјана Дејаноска, организатор на оваа хуманитарна акција. Таа им се заблагодари на сите  граѓани и компании кои се вклучија во хуманитарната акција. -Уште еднаш сакаме да изразиме голема благодарност до сите хумани граѓани кои се вклучија во оваа акција и на тој начин им овозможија на повеќе социјално загрозени семејства од градот, во добро расположение и со побогата трпеза да го дочекаат претстојниот празник, додаде Дејаноска. Потсети дека ова е втора хуманитарна акција организирана од кичевскиот храм годинава и посочи дека првата  акција беше организирана за Денот на раѓањето на Исус Христос, Божик.за/вј/

Остани поврзан