• сабота, 23 ноември 2024

Вардар остана без лиценца за Европа

Вардар остана без лиценца за Европа
Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) - Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија, по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21 не му додели лиценца на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 добија: Академија Пандев, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи. Освен Вардар лиценца не им е издадена и на Брегалница, Борец и Струга ТримЛум. зс/

Остани поврзан