• среда, 25 декември 2024

Ван Дијк молчи за својата иднина

Ван Дијк молчи за својата иднина

Ливерпул, 28 ноември 2024 (МИА) - Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, призна дека сè уште нема нови информации околу неговиот договор. Дефанзивецот е еден од тројцата главни играчи на „црвените“ чии договори истекуваат на крајот од сезоната. Останатите двајца се Трент Александар-Арнолд и Мохамед Салах.

-Немам што да кажам во моментов. Сега сум целосно фокусиран на нашиот следен натпревар против Манчестер Сити, прокоментира Ван Дајк по победата над Реал Мадрид.

Репрезентативецот на Холандија повторно беше на врвот на своите перформанси против шпанскиот гигант, целосно обезличувајќи го Килијан Мбапе и останатите офанзивни фудбалери на Реал.

Пред неколку дена Салах предизвика загриженост со изјава дека е разочаран од пасивниот однос на газдите во Ливерпул. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан