• среда, 25 декември 2024

Вакцината на Фајзер/Бионтек обезбедува сто отсто заштита кај деца од 12 до 15 години

Вакцината на Фајзер/Бионтек обезбедува сто отсто заштита кај деца од 12 до 15 години

Вашингтон, 31 март 2021 (МИА) - Вакцината против коронавирус на компаниите „Фајзер/Бионтек“ е безбедна и ефикасна кај деца на возраст од 12 до 15 години, јавија американски медиуми.

Двете компании објаснија дека вакцината обезбедува 100 отсто заштита. Објавените податоци од студијата значат дека компаниите може да побараат дозвола од американските власти да издадат итно одобрение за ставање во промет во наредните недели.

Резултатите од клиничкото испитување исто така покажуваат дека вакцината добро се поднесува кај деца на возраст од 12 до 15 години.

„Фајзер/Бионтек“ планира да достави податоци до Управата за храна и лекови во САД што е можно поскоро за да добие дозвола за администрација на вакцината со две дози на оваа возрасна група.

Испитувањата во третата фаза вклучиле 2.260 деца на возраст од 12 до 15 години во САД.

Вакцината обезбедува силен имунолошки одговор еден месец по втората доза, надминувајќи ја нејзината ефикасност во споредба со оние на возраст меѓу 16 и 25 години.

Во Моментов вакцината се користи само во САД кај постари од 16 години.

„Фајзер“ се надева дека ќе започне со вакцинирање на оваа група пред почетокот на следната учебна година. паг/

Остани поврзан