• сабота, 23 ноември 2024

Бунтовниците масакрираа бегалци во источниот дел на ДР Конго

Бунтовниците масакрираа бегалци во источниот дел на ДР Конго

Киншаса, 12 јуни 2023 (МИА) - Повеќе од 40 цивили беа убиени во напад на одметнати членови на милицијата врз камп за раселени лица во провинцијата Итури, на истокот на Демократска Република Конго.

-Потврдено е дека нападот врз бегалскиот камп Лала го извршила милицијата CODECO, една од многуте активни во зоната на конфликтот во источно Конго, пренесуваат британските медиуми.

Жан-Ричард Ленга, началникот на областа Бахема Баџере, рекол дека припадниците на милицијата масакрирале 46 луѓе со мачети и огнено оружје, а останатите ги запалиле во нивните куќи среде кампот.

-Сега целото село е во жалост, ова е премногу тажно, рече тој, додавајќи дека властите се уште трагаат по телата. мс/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан