• вторник, 24 декември 2024

Бугарската министерка за иновации и раст Стојчева на бизнис форум на иницијативата „Три мориња“ во Букурешт

Бугарската министерка за иновации и раст Стојчева на бизнис форум на иницијативата „Три мориња“ во Букурешт

Букурешт, 7 септември 2023 - Регионот може да биде лидер на новиот бран иновации, а Бугарија и Романија имаат добри основи за инвестиции во висока технологија и можат да привлечат светски играчи да го трансформираат секторот. Ова го изјави министерката за иновации и раст на Бугарија, Милена Стојчева, која учествуваше на бизнис форумот на иницијативата „Три мориња“ во Букурешт.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. 

Таа зборуваше за начините на кои може да се пополни постојната технолошка празнина во европските земји. Според неа, неопходно е да се изгради мрежа за координација меѓу поединечните земји, како и заеднички стратегии - не само национални, на ниво на одделни земји, туку и меѓународни.

„Бизнис форумот е историска можност за земјите од регионот и потенцијалните нови членки на иницијативата 'Три мориња' да ја променат својата перспектива за раст со инвестирање во дигитално поврзување“, истакна Стојчева и додаде: „Да размислиме каде сакаме да одиме - како земји, како регион, како Европа. Да се ​​создадат рамки. И да се позиционира регионот како играч".

Според министерката Стојчева, земјите од регионот треба да ги користат основите на своите економии, ИТ талентите и образованието карактеристични за Југоисточна Европа за промовирање на иновациите и инструментите како што се Инвестицискиот фонд, новосоздадениот Фонд за иновации, како и организации како што е Меѓународната банка за обнова и развој кои можат да помогнат во оваа насока.

„Денес заедно сме во историски момент и ова е добра порака. Моето министерство се вика Министерство за иновации и развој. Нашето министерство е министерство на иднината“, им се обрати Стојчева на присутните.

Таа учествуваше на панелот посветен на иновациите, заедно со нејзиниот романски колега - министерот за научно истражување, иновации и дигитализација Иван Богдан-Груја, со заменик-генералниот секретар на ОЕЦД Улрик Вестергард Кнудсен, претставници и експерти од меѓународни компании и невладини организации. 

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

 

Остани поврзан