• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар достигна 3.301

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар достигна 3.301

Мандалеј, 4 април 2025 (МИА) – Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 3.301, јави денеска кинескиот државен информативен канал ЦГТН.

Според ЦГТН, кој се повикува на Радио-телевизија Мјанмар, повредени се 4.792 лица, а 221 лице се водат како исчезнати.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала на 28 март, еден од најсилните што го погоди Мјанмар, погоди области со 28 милиони луѓе оставајќи многумина без храна, вода и засолниште. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан