• недела, 24 ноември 2024

Британскиот регулатор нареди блокирање на странски лажни повици и пораки

Британскиот регулатор нареди блокирање на странски лажни повици и пораки
Лондон, 25 октомври 2021 (МИА) - Водечките британски телекомуникациски мрежи се согласија автоматски да ги блокираат речиси сите интернет повици кои доаѓаат од странство, а изгледа како да доаѓаат од Велика Британија, соопшти британскиот совет за електронски медиуми Офком.
Како што е наведено, криминалците користат интернет за да упатуваат повици или пораки кои изгледаат реално и доаѓаат од вистински телефонски број.
Речиси 45 милиони британски потрошувачи ова лето беа цел на вакви телефонски измами.
Офком соопшти дека очекува мерките да бидат воведени со „приоритетна“ брзина.
Досега, еден оператор презеде одредени чекори, додека другите телекомуникациски мрежи сè уште ги истражуваат методите, соопшти регулаторот.
- Работевме со телекомуникациски компании за да имплементираме технолошки решенија, вклучително и блокирање на сомнителни меѓународни повици прикриени со британски број, рече директорката на Офком, Линдзи Фусел.
Таа додаде дека решавањето на телефонските измами е „комплексен проблем“ кој бара координирани напори од полицијата, владата, другите регулатори и индустријата. паг/
     

Остани поврзан