• четврток, 26 декември 2024

Браун позитивен на коронавирус

Браун позитивен на коронавирус
Бостон, 9 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун, е позитивен на коронавирус. Според прес-службата на НБА-лигата, играчот сега е во карантин и без симптоми на болеста. Браун го пропушти крајот на минатата сезона поради повреда. Тој беше опериран поради скинати лигаментите на левиот зглоб. Се врати на терените во оваа претсезона и учествуваше на натпреварот против Орландо. Џејлен одигра 58 натпревари минатата сезона во НБА-лигата, во просек по натпревар постигнуваше по 24,7 поени и 6,0 скока. зс/

Остани поврзан