• четврток, 26 декември 2024

Бојмацалиев: Скок од девет позиции на земјава на листата на Транспаренси според Индексот за перцепција на корупцијата

Бојмацалиев: Скок од девет позиции на земјава на листата на Транспаренси според Индексот за перцепција на корупцијата

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Во 2023 година земјава е позиционирана на 76. место од вкупно 180 земји на листата на „Транспаренси интернешнл“ според Глобален индекс за перцепција на корупцијата, што е позитивен скок од девет позиции во однос на 2022 година кога Северна Македонија беше на 85. место на листата, објави на својата Фејсбук страница дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи во техничката Влада, Митко Бојмацалиев.

Тој наведува дека на листата, во регионален контекст, земјава e подобро рангирана од Косово кое е на 83. место, Албанија на 98. позиција, Србија на 104. место и Босна и Хецеговина која е на 108 позиција. 

Тој потсетува, како што вели, дека „откривачката функција на полицијата во 2021 година беше зголемена за дури 50 отсто. Од страна на ОСОСК во временскиот период од 2017 - 2023 година само за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ биле поднесени вкупно 44 кривични пријави против 170 физички и две правни лица“. нд/ац/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан