• понеделник, 02 септември 2024

Бојмацалиев во посета на Полициското одделение Дојран

Бојмацалиев во посета на Полициското одделение Дојран

Скопје, 6 март 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска ќе оствари работна посета на Полициското Одделение Дојран и Полициската станица за Граничен Премин и Граничен Надзор Стар Дојран, каде што ќе оствари средби со раководствата на овие организациски единици, како и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ.

Како што соопштија од МВР, за време на посетата, Бојмацалиев ќе оствари средба и со градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов. цр/лв/

Фото: МИА архива



Остани поврзан