• сабота, 23 ноември 2024

Бохум го отпушти тренерот

Бохум го отпушти тренерот


Бохум, 21 октомври 2024 (МИА) – Последнопласираниот тим во германското фудбалско првенство Бохум му врачи денеска отказ на тренерот Петер Зајдлер откако освои само еден бод во првите седум кола од оваа сезона.
Освен Зајдлер, отпуштен е и поранешниот спортски директор Марк Летау.
Бохум е последнопласиран во Бундеслигата со само еден бод, а беше елиминиран од второлигашот Јан Регензбург и во Купот на Германија.
Во следното осмо Бохум на домашен терен ќе игра против Баерн Минхен, на 27 овој месец. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан