• сабота, 23 ноември 2024

Ботас: Без мене, Мерцедес би бил поинаков, јас сум корисен за тимот

Ботас: Без мене, Мерцедес би бил поинаков, јас сум корисен за тимот
Берлин, 11 август 2021 (МИА) - Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, не се сомнева дека одигра важна улога во доминацијата на германскиот Формула 1 тим во последните години. - Со сигурност можам да кажам дека сум вреден адут за тимот. Се разбира, тимот би бил поинаков без мене. Уверен сум во своите способности, но не е мое да ја донесам одлуката за нов договор. Времето ќе покаже. Немам никакви ограничувања и би рекол дека се приближувам до својот врв. Додека не стигнам до него, секогаш има работи во кои можам да се подобрам. Несомнено, во последниве години научив многу за себе, почнав подобро да се разбирам себеси како тркач и како личност. Чувствувам дека никакви околности не можат да ме потресат. Подготвен сум за секакви предизвици во иднина. Сигурно научив многу. Ќе се обидам да дадам максимум за себе и за тимот во иднина, без разлика што ќе се случи следно, изјави Ботас. Реакцијата на Ботас доаѓа по зачестените шпекулации дека за сезоната 2022, Мерцедес ќе го смени Финецот со друг возач. зс/

Остани поврзан