• четврток, 26 декември 2024

Борба против падот на наталитетот: Јапонската влада го поттикнува татковското отсуство

Борба против падот на наталитетот: Јапонската влада го поттикнува татковското отсуство

28 март 2023

Кјодо

 

Дете кое седи на рамениците на својот татко и се смешка за време на прошетка во парк е типична слика за јапонскиот икумен, термин што ги комбинира јапонските зборови ikuji, што значи грижа за децата, и ikemen, што се однесува на кул мажи, пишува агенцијата Кјодо.

Јапонските власти широко го промовираа овој термин во текот на изминатата деценија за да се борат против озлогласено долго работно време во земјата, што не само што татковците воркохолици ги лиши од времето со семејството, туку и придонесе за една од најниските стапки на наталитет во светот.

Во последниот обид да се смени ситуацијата, јапонскиот премиер Фумио Кишида минатата недела најави низа нови мерки, вклучувајќи и зголемување на детските бенефиции и вети дека ќе го зголеми бројот на работници мажи кои земаат татковско отсуство од сегашните 14 на 50 проценти до 2025 година и до 85 проценти до 2030 година.

Кишида соопшти дека неговата влада, исто така, ќе преземе чекори за зголемување на приходите за младите работници и зајакнување на економската помош, со цел да создаде средина погодна за воспитување деца без грижи, пренесува Кјодо.

-Во текот на 2030-тите, јапонската млада популација ќе се намали двојно побрзо од денеска. Следните шест до седум години ќе бидат последна шанса да се смени падот на наталитетот, рече Кишида, додавајќи дека неговата влада ќе подготви пакет политика за децата до крајот на март.

Наталитетот на рекордно ниско ниво

Во Јапонија, 85,1 отсто од жените кои ги исполнувале условите  земале породилно отсуство во фискалната 2021 година до март 2022 година, но тоа го сториле само 13,97 отсто од мажите. Многу работници велат дека се загрижени дека земањето отсуство може да ги преоптовари колегите.

Бројот на бебиња родени во Јапонија во 2022 година опадна на ново рекордно ниско ниво, седма година по ред, на помалку од 800.000, за првпат откако почна да се води евиденцијата во 1899 година, покажаа владините податоци објавени кон крајот на минатиот месец.

Кишида го нагласи зголемувањето на трошоците за борба против падот на наталитетот, додавајќи дека фокусот на политиката за деца е најитната точка од неговата агенда годинава, но не појасни како ќе го финансира буџетот.

Јавната потрошувачка на Јапонија за поддршка на семејството беше околу 75 милијарди долари во фискалната 2020 година, што претставува 2,01 отсто од бруто домашниот производ, што ја става земјата зад напредните европски економии.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан