• сабота, 23 ноември 2024

Болниците во Романија ќе извршуваат само итни операции

Болниците во Романија ќе извршуваат само итни операции
Букурешт, 24 март 2020 (МИА) - Во Романија од денеска е забранет прием на пациенти за операција, освен во случај да станува збор за итна хирушка интервенција. - Од 24 март во следните 14 дена забранета е хоспиутализација за хирушки операции, медицински процедури и прегледи во болниците, кои не се итни и можат да бидат одложени. Сите пациенти, кои немаат потреба од итна помош и немаат потреба од задолжителна медицинска помош да бидат испишани од болница во рок од 48 часа од стапување во сила на мерката, се наведува во соопштението од романското Министерство за внатрешни работи. Исто така се посочува дека наредбата важи ии за државните и за приватните болници. ми/

Остани поврзан