• сабота, 09 ноември 2024

Блинкен изрази надеж дека успешна контраофанзива ќе го принуди Путин да преговара за мир

Блинкен изрази надеж дека успешна контраофанзива ќе го принуди Путин да преговара за мир

Вашингтон, 13 јуни 2023 (МИА) - Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен изрази надеж дека успешната украинска контраофанзива против руските сили би можела да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да преговара за мир.

- Успешната контраофанзива може да направи две работи: да ја зајакне позицијата на Украина на преговарачката маса и да го натера Путин конечно да преговара за крај на оваа војна што тој ја започна, изјави Блинкен на заедничката прес конференција со неговиот италијански колега Антонио Тајани.

- Во таа смисла, може да го доближи мирот, а не да го оддалечи, додаде тој на прес-конференцијата.

Американскиот државен секретар изрази уверување дека украинските сили ќе постигнат напредок бидејќи Киев вчера објави дека вратил неколкусела во источниот регион Доњецк - прва територијална добивка постигната по „контраофанзивата“ спомената претходниот ден од претседателот Володимир Зеленски.

Но, „се уште е рано“ да се каже како ќе се развиваат настаните, додаде дипломатот. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан