• сабота, 09 ноември 2024

Блинкен во посета на Молдавија

Блинкен во посета на Молдавија

Кишињев, 29 мај 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во главниот град на Молдавија, Кишињев, првата дестинација на неговата турнеја во Европа, со цел да ја зајакне западната поддршка за Украина.

Турнејата на Блинкен е во исто време кога Украина се обидува да ги одврати интензивираните руски напади во источниот дел од земјата, а рускиот претседателот Владимир Путин предупреди дека ако на Киев му се дозволи да користи западно оружје за да ја нападне руската територија, тоа ќе предизвика глобален конфликт.

Во Кишињев Блинкен ќе се сретне со претседателката на Молдавија, Маја Санду и други високи функционери.

Потоа Блинкен ќе отпатува за Прага за да учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, кој ќе се фокусира на подготовките пред Самитот на Алијансата што ќе се одржи во јули во Вашингтон. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан