• среда, 25 декември 2024

Битиќи: Во тек е тендерската постапка за 10-те километри на патот Скопје - Блаце, компанијата наскоро ќе биде избрана

Битиќи: Во тек е тендерската постапка за 10-те километри на патот Скопје - Блаце, компанијата наскоро ќе биде избрана

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - Тендерската постапка за 10-те километри на патниот правец Скопје - Блаце е во тек и компанијата наскоро ќе биде избрана, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. 

Според него, и првите два километра од автопатот ќе бидат пуштени наредните недели.

Изјави на вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи пред трибината со млади на која ќе се дискутираат заклучоците на проектот „Што сак

-Мислам дека на барање на тие што аплицираа беше одложен крајниот рок неколку пати на тендерската постапка. Мислам дека наскоро ќе биде избрана и компанијата за 10-те километри. За двата километра е истата судбина како и секаде низ државата. За жал, јас сум кажал во неколку наврати дека во нашата земја недостигаат проектантски капацитети. Не навлегувам во тоа дали проектантските капацитети се такви затоа што има какви било намери, но имаше сериозни отстапувања од реалната состојба наспроти тоа што беше на хартија. И затоа заглави. Мислам дека наредните недели и тие два километри конечно ќе бидат пуштени, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“. 

Завршувањето на рехабилитацијата на патот Скопје - граничен премин „Блаце“ вчера го означија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, придружувани од вицепремиерот Артан Груби. Како што беше истакнато, изградбата на првите два километра е во завршна фаза и се очекува да бидат пуштени на крајот на март. мч/лв/

фото: МИА архива и принт скрин

Остани поврзан