• петок, 27 декември 2024

Бислимовски: Град Скопје и општините солидарно да се вклучат за намалување на ефектите од енергетската криза

Бислимовски: Град Скопје и општините солидарно да се вклучат за намалување на ефектите од енергетската криза
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Трошокот за набавка на природен гас во јануари 2022 година во однос на јануари 2021 година е зголемен за девет милиони евра. Сметавме дека цел овој трошок не треба да падне на грбот на граѓаните и повикавме на солидарност за помош на потрошувачите од Град Скопје и општините. Ова вечерва го соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски во емисијата „24 анализа“ на ТВ24. Според него, сите треба да покажат солидарност во овие услови на незапаметена енергетска криза со цел да се намалат ефектите од неа врз граѓаните. Бислимовски посочи дека количините на природен гас за топлинска енергија се обезбедени, а проблем се финансиите на БЕГ за плаќање на природниот гас. -ТЕТО го набавува гасот од берзата во Австрија и таму имаат 10-годишен договор за набавка на природен гас. Од аспект на количини, тоа е обезбедно, но начинот и перидот на плаќање е проблематичен, рече Бислимовски. мд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан