• недела, 01 септември 2024

Бил ќе одбие продолжување на договорот со Вашингтон на една сезона, за да потпише нов повеќегодишен

Бил ќе одбие продолжување на договорот со Вашингтон на една сезона, за да потпише нов повеќегодишен
Вашингтон, 27 јуни 2022 (МИА) – Кошаркарот на Вашингтон, Бредли Бил нема да ја искористи опцијата за продолжување на договорот за 36,4 милиони долари за сезоната 2022-2023. Според инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, по ваквиот расплет на настаните,  Бил ќе склучи нов долгорочен договор со Визардс со максимални услови. Долгогодишниот лидер на Вашингтон, може да потпише петгодишен договор вреден 248 милиони долари. Бил периодов закрепнува по операцијата поради скинат лигамент на левата рака. Минатата сезона 28-годишниот кошаркар одигра 40 натпревари во НБА-лигата, со просечни 23,2 поени, 4,7 скока и 6,6 асистенции. зс/

Остани поврзан