• вторник, 12 ноември 2024

Би-Би-Си со радио програма за луѓето кои живеат во Појасот Газа

Би-Би-Си со радио програма за луѓето кои живеат во Појасот Газа

Газа, 1 ноември 2023 (МИА) - Би-Би-Си ќе почне итна радио програма за жителите на Појасот Газа за да одговори на потребата од информации во текот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, објавија британските медиуми, пренесе БТА.

Програмата ќе има за цел да го информира населението заглавено во палестинската енклава со актуелни вести, како и совети за безбедност и каде луѓето можат да најдат засолниште, храна и вода, објави Би-Би-Си.

-Арапскиот дел на Би-Би-Си е исклучително добро поставен да им ги понуди овие витални информации на луѓето во Газа во време на очајна потреба, рече директорката на Би-Би-Си Интернационал, Лилиан Ландер. 

Со емитување од Каиро и Лондон, Радио „Газа“ ќе започне со едно емитување овој петок, со второ емитување следниот петок, на 10 ноември. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан