• четврток, 26 декември 2024

Би-би-си: Седум лица повредени во напад со автомобил во Тел Авив, напаѓачот убиен

Би-би-си: Седум лица повредени во напад со автомобил во Тел Авив, напаѓачот убиен

Тел Авив, 4 јули 2023 (МИА) - Седум лица се повредени, од кои тројца се наоѓаат во сериозна состојба, откако автомобил влетал во пешаци пред трговски ценатр во Тел Авив и притоа возачот почнал да ги боде со остар предмет, соопштија од израелската полиција, пренесе Би-би-си.

Полицајците потврдија дека осомничениот управувал возило што се движело од југ кон север по улицата „Пинкас Розен“ во Тел Авив, кога „удрил во пешаци кои стоеле пред трговскиот центар, по што излегол од возилото и продолжил да ги прободува цивилите со остар предмет“.

Жртвите биле однесени во болниците во Бејлинсон и Ичилов, наведуваат медицински лица, а службите за итни случаи во моментов се на местото на настанот.

Британските медуими наведуваат дека осомничениот напаѓач бил Палестинец, од Западниот Брег и дека најверојатно станува збор за одмазничка акција на групата Исламски џихад, за дводневната воена операција на израелската армија во бегалскиот камп Џенин.

Групата „Калед ал-Батш“ од редовите на Исламска џихад, денеска излезе со соопштение дека нападот во Тел Авив „е првиот одмазнички одговор за тоа што се случува во Џенин“.

Локалните медиуми јавуваат дека осомничениот напаѓач бил застрелан и убиен, јавува Би-Би-Си.

Службите за итни случаи соопштија дека има повредени лица, но не ја потврдуваат природата на инцидентот.

„Возач повреди седум лица во денешниот напад во Тел Авив, по што изврши напад со нож“, изјави портпаролот на израелската полиција, нарекувајќи го инцидентот тероризам.

Британските медиуми наведуваат дека напаѓачот бил „неутрализиран“ на лице место од цивилен дежурен работник, цитирајќи го портпаролот на израелското воено радио.

Израелското радио Кан јавува дека во нападот биле повредени дури 10 лица. сд/

фото: Скриншот  ЈуТјуб

Остани поврзан