• среда, 27 ноември 2024

Бејл надвор од терените следните 2-3 недели поради повреда

Бејл надвор од терените следните 2-3 недели поради повреда

Мадрид, 17 ноември 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Герет Бејл ќе ги пропушти претстојните натпревари на Реал Мадрид поради повреда.  

Триесет и двегодишниот Велшанец заработи повреда на мускулот (листот) на ногата настапувајќи за репрезентацијата минатата недела.  

Закрепнувањето на Бејл ќе трае две до три недели.  

Тој се повреди на 13 ноември на натпреварот со Белорусија (5:1), поради што беше заменет на паузата.  

Во тековната сезона Бејл настапи на само три натпревари во Шпанското фудбалско првенство и постигна еден гол. зс/

Остани поврзан