• сабота, 23 ноември 2024

Бесплатни обуки по англиски, турски и албански јазик за граѓаните на Охрид

Бесплатни обуки по англиски, турски и албански јазик за граѓаните на Охрид
Охрид, 12 ноември 2021 (МИА) – Со поддршка на локалната самоуправа граѓаните на Охрид ќе можат да посетуваат бесплатни курсеви за учење англиски, албански и турски јазик. Обуката ќе се спроведува во Работничкиот универзитет - ОЈУ „Кузман Шапкарев“, а право на бесплатен курс има секој заинтересиран граѓанин на Охрид кој досега немал посетувано таков курс. Од ОЈУ „Кузман Шапкарев“ појаснуваат дека за да се одржи курсот е потребно да има формирано група заинтересирани од најмалку пет кандидати. Пријавувањето трае до 18 овој месец, самите курсеви е предвидено да траат 60 часа. Од понеделник почнува курсот по германски јазик за кој веќе има формирано група. Инаку, во рамки на Работничкиот универзитет во тек е оформување и на група за обука за сметсководство и за физикална терапија. аб/мс/

Остани поврзан