• четврток, 26 декември 2024

Берни Еклстоун: Би го назначил Бријаторе за шеф на Ферари

Берни Еклстоун: Би го назначил Бријаторе за шеф на Ферари
Лондон, 16 март 2020 (МИА) - Почесниот претседател на Формула 1 Берни Еклстоун верува дека Флавио Бријаторе би ја завршил својата работа во Ферари поефикасно од Матија Биноото. - Дали е Биното лидер? - Не, тој е инженер. Ним им треба човек кој навистина може да им ги пренесе своите мисли на сите. Јас би го назначил Флавио Бријаторе. Флавио би го сторил истото како во Бенетон и Рено - би ги намамил најдобрите специјалисти од другите тимови, рече Еклстоун. Поранешниот извршен директор на Ф-1 зборуваше и за тоа како истрагата за грабежот што се случи во декември во куќата на неговата ќерка Тамара - напредува според некои извештаи, штетата изнесувала 50 милиони фунти. - Не знаеме што точно се случило, ниту полицијата. Две лица се приведени, но тие не кажуваат ништо. Добрата вест и што можев да и објаснам на сопругата зошто не купив скап накит за неа. зс/

Остани поврзан