• четврток, 26 декември 2024

Белгија бара забрана за несуштинските патувања на ниво на цела ЕУ

Белгија бара забрана за несуштинските патувања на ниво на цела ЕУ
Брисел, 21 јануари 2021 (МИА) - Премиерот на Белгија, Александер де Кро вели дека вечерва на состанокот на лидерите на ЕУ ќе предложи забрана за патувања што не се од суштинско значење, на ниво на цела ЕУ. - Ќе побарам да се најде европско решение што ќе вклучува целно и привремено прекинување на сите несуштински патувања, рече Де Кро. Александар де Крој вели дека веќе е во контакт со некои лидери на ЕУ за поддршка на оваа идеја. Тој вели дека ова не е целосно „затворање на границата“ и дека тие мора да останат отворени за превоз на стоки и прекугранични работници. Барањето на белгиските власти доаѓа пред пролетниот распуст во Белгија и таканаречените „карневалски празници“ во Западна Европа. паг/    

Остани поврзан