Без струја утре делови од Сарај, Гази Баба, Арачиново и Илинден
- Без струја утре од 8:00 до 9:00 часот ќе бидат дел од жителите од селото Крушопек кон училиштето, општина Сарај, а од 8:00 до 12:00 часот дел од корисниците од населбата Железара и објектите околу градинката во општина Гази Баба.
Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Без струја утре од 8:00 до 9:00 часот ќе бидат дел од жителите од селото Крушопек кон училиштето во општина Сарај, а од 8:00 до 12:00 часот дел од корисниците од населбата Железара и објектите околу градинката во општина Гази Баба.
Без снабдување со електрична енергија утре од 9:30 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од село Арачиново и жителите на Брњарци и Сингелиќ во општина Гази Баба.
Во период од 8:30 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селата Дељадровци, Текија и Миладиновци во општина Илинден.
Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електродистрибутивниот систем во Град Скопје. мд/бк/
Фото: МИА архива