• вторник, 24 декември 2024

СВР Скопје расчисти кривично дело „обид за убиство“

СВР Скопје расчисти кривично дело „обид за убиство“

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Н.С.(27) и М.С. (20) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека по добиена пријава на 15. месецов дека на територија на општина Аеродром во Скопје од страна на две лица му се нанесени убодни рани на Н.Г. од Скопје, преземени се мерки и активности и утврдено е дека Н.С. и М.С. го сториле кривичното дело, по што во координација со ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава.

-Од страна на судија на претходна постапка на М.С. му е одредена мерка куќен притвор од 30 дена, а за Н.С. се преземаат мерки за пронаоѓање, информира МВР.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан