• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без вода утре дел од општина Центар

Без вода утре дел од општина Центар

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - Без вода во текот на утрешниот ден ќе остане дел од општина Центар, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што појаснуваат, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Киро Крстевски Платник“, дел од корисниците на оваа улица ќе бидат со прекинато водоснабдување.

Според најавеното, вода за пиење ќе нема од девет часот до санирање на дефектот. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан