• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Училиштата во Куманово ги исполнуваат основните услови согласно Законот за заштита и спасување, покажал вонредниот инспекциски надзор

Училиштата во Куманово ги исполнуваат основните услови согласно Законот за заштита и спасување, покажал вонредниот инспекциски надзор

Куманово, 28 март 2025 (МИА) - Вонредниот инспекциски надзор извршен во училиштата во Куманово по трагедијата во Кочани, покажал дека училиштата ги исполнуваат пропишаните услови согласно, Законот за заштита и спасување. И претходно се вршеле контроли низ училишните објекти. Во општината има 21 правен субјект и вкупно 49 училишни објекти.

-Направен е и вонреден инспекциски надзор и констатирано е дека основните и средни училишта на територијата на Општина Куманово ги исполнуваат условите. Секое училишта има правилник за заштита од пожари и експлозии, правила за елементарни непогоди, има интерни акти како акциски план за евакуација. Во тек се симулација на вежби за евакуација кои училиштата ги спроведуваат во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово, изјави раководителот на Секторот за образование во општина Куманово, Александар Јовановиќ.

Учениците од Куманово во голем број умеат како да постапуваат при состојба на евакуација, обучени се претходно поради дојавите за лажни бомби. На ниво на секое училиште како правен субјект има и интерни акти.

– Противпожарни апарати има во училиштата, како и обучени вработени. Не сите училишта имаат хидрантска мрежи, меѓутоа проблемот е од технички аспект затоа што и секое училиште нема услови да биде инсталирано. За исправноста на ПП апаратите или хидрантската мрежа се надлежни лиценцирани фирми кои ги одржуваат, а училиштата се строго контролирани од страна на државниот инспекторат преку интегралниот увид при што се склопува и записник, така што училиштата во тој сегмент се опремени, додава Јовановиќ.

Значајна улога во справувањето на младата популација со новонастаната состојба има стручната служба во училиштата,  кои работат со ученици на кои им е потребна помош во справувањето со трагедијата од Кочани. ам/сст/


Фото МИА

Остани поврзан