• понеделник, 15 декември 2025

Без вода утре висока зона во Ѓорче Петров и дел од Сарај

Без вода утре висока зона во Ѓорче Петров и дел од Сарај

Скопје, 9 декември 2025 (МИА) - Без вода утре, од 7:30 часот, ќе останат корисниците од висока зона во Ѓорче Петров и дел од Сарај, поточно во Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје, прекинот е поради дефект на затварач Ф-350мм на улица „20“ во Сарај (Дарданија).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан