Без вода дел од населба „11-ти Октомври“
- Поради дефект на огрлица на улица „Добромир Хрс“ 29, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба „11-ти Октомври“, кај бараките.
![Без вода дел од населба „11-ти Октомври“](https://new.mia.mk/index.php/images/20230621100006_big_730x400_24.webp )
Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Поради дефект на огрлица на улица „Добромир Хрс“ 29, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба „11-ти Октомври“, кај бараките.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 9:50 часот до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото: МИА архива