• недела, 05 април 2026

Без вода дел од корисниците во населба Водно и клиниките Хематологија и Трансфузиологија

Без вода дел од корисниците во населба Водно и клиниките Хематологија и Трансфузиологија

Скопје, 4 април 2026 (МИА) - Од 15.55 часот се прекинува водоснабдувањето за дел од корисниците во населба Водно, поради  скината цевка од страна на фирма на ул.„Партенија Зографски“ 31А во населбата.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, без вода ќе бидат корисниците од две куќи од истата улица, дел од ул. „Белградска“, прва зона Пржино и  Хематологија и Трансфузиологија од Клиничкиот центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан